Eтикета со инструкција за перење „Остави го на мајка ти“

Етикета со инструкции за перење џемпер предизвика побуни за дискриминација, од страна на Федерика Мацони која е пратеник во регионалното собрание на областа Емилија Ромања и го поведе одделот за рамноправност на жените во владејачката Демократска партија (ДП).

Имено, нејзина пријателка се подготвувала да го стави во машина за перење џемперот на нејзиниот син, кога останала запрепастена од етикетата со инструкции за перење и пеглање на облеката. Фотодокументираните насоки се шест, сите испишани на два јазика – италијански и англиски, и содржат стандардни текстови со барања и предупредувања како да се заштитат специфичниот текстил од високи температури, хемикалии и сушење. Инструкциите завршуваат со апел само на англиски јазик: „Или остави го на мајка ти, тоа е нејзина работа!”.

Лутата мајка решила да го остави џемперот неиспран и да се обрати кон Федерика Мацони, за да се бара политичко спротивставување на провокативниот повик, кој двете жени едногласно го оцениле како кршење на принципите за еднаквост меѓу половите. По партиска линија веднаш бил внесен протест во Националниот институт за регулирање на рекламната активност против италијанската фирма која ја произведува линијата спортска конфекција Shoeshine.

Од фирмата појасниле дека тоа е само шега, создадена за мнозинството тинејџери, но објаснувањето не ги задоволило тужителите , објавија светските агенции.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

„Фирмата не достави потребни и корисни информации, а почувствувала потреба да го изрази својот поглед во една порака, која е сексистички спрема мајките и жените, и понижувачки за мажите и татковците. Како единствената работа на мајките да е тоа да перат, стоејќи дома, без да имаат други професионални настапи освен ротацијата на регулаторот на машината до степен 30 степени за деликатни ткаенини. Бидејќи се знае дека ако мајката може да прави нешто, никој друг не може. Во подтекстот се навредени и мажите, небаре не се во можност да користат обична машина за перење или пак тоа не е во нивна надлежност “, изјави за локалните медиуми револтираната Мацони.

На прашањето за понатамошната судбина на производот со скандалозна етикета таа одговори: „Мојата пријателка ми кажа дека џемперот уште си стои во кошот со валканите алишта за перење”.

До моментов не е јасно зошто таткото на неиспраното момче не е вмешан во процесот на перење со цел побрзо изнаоѓање на еднаков излез од кризната ситуација.

- Реклама -