Спомен домот на македонската музичка легенда Тоше Проески во Крушево како официјален претставник на Макеоднија на 20. февруари, на свеченото отворање на изложбата на АСА – Асоцијацијата на спрските архитекти, ќе ја добие наградата за архитектира „Милан Злоковиќ” , пренесува специјализираната страница за архитектура Marh.mk.
Изложбата насловена „Уметност на архитектурата“ се одржува од 17 до 28 февруари во галеријата „Атријум“ во Белград.
Проектот на Меморијалниот центар , изработен во 2011 година, е на „Синдикат студио“, на авторите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски, Илија Божиновски .
Првото место, „Синдикат студио“, го делат со „ADN BIROU DE ARHITECTURA“, автори на проектот за „Станбен комплекс во Букурешт“.
Оваа награда се доделува во чест на архитектот Милан Злоковиќ, чив објект „Метропол” , спомен на скопската модерна, му се заканува рефасадирање, а со тоа и уништување.
Извор: +инфо