Членовите на Twitter заедницата се збунети по премиерата на филмот „50 нијанси сиво”. Не, не станува збор за сексот. Во филмот има технолошки гаф.
Не само што 27-годишната хероина користи старомоден телефон на преклоп, туку таа има iMessage на него.
Кога главниот лик од филмот е на гости на мајка си во Џорџија, таа праќа пораки на Греј од iMessage, додека кадрите покажуваат дека држи во рацете телефон со преклопување.
Самиот факт дека таа користи таков телефон е чуден, бидејќи денес во САД никој не ги употребува.
Повеќе на оваа тема, видете тука.