Полицијата во Глазгов уапси три жени под обвинение за напад врз маж за време на проекцијата на контроверзниот филм со експлицитни сцени „50 нијанси на сиво“.
Инцидентот се случил на вечерната претстава на „Свети Валентин“ во централната кино сала во овој шкотски град.
Полицијата даде никакви други детали околу причината за нападот, како и за идентитетот на уапсените и нападнатиот.
Во полициското соопштение се вели дека натепаниот маж се здобил со помали повреди, поради што не морало да биде префрлен во болница.
Ваквото објаснување на полицијата претставува демант на пишувањето на локалните медиуми во Шкотска дека мажот бил нападнат со стаклено шише и чаши, од кои жените пиеле додека траела филмската проекција.
Пишувањето за напад со шише по главата го демантираше и упаравата на киното. Во нивното соопштение се вели дека интервенцијата на редарите во киното, помогнала нападот врз човекот брзо да прекине, а полицијата дошла само за да ги уапси воинствените жени.
Трите жени се обвинети и за нарушување на јавниот ред и мир.
Шкотскиот весник „Дејли Рекорд“ пишува дека жените го нападнале гледачот, откако тој ги прекорил „вулгарните жени“ да се смират и да не вреват.
Не се знае што била причина за гласните реакции на „напаѓачките“ и дали тоа е поврзано со содржината на филмот.