Доколку имате проблем со заспивањето, постојат неколку тактики кои ќе ве опуштат пред да потонете во длабок сон. Денес ви прикажуваме три пози кои ќе ве релаксираат, ќе го забрзаат вашето заспивање, и ќе го подобрат квалитетот на вашиот сон.
Се што ви е потребно за овие лесни јога вежби, е голема и мека перница. Пред да започнете, вдишете и издишете 10 пати.
1. Нозете нагоре кон ѕидот (Viparita Karani)
Оваа поза е идеална за оние кои поминуваат голем дел од денот стоејќи. Ја подобрува циркулацијата на крвта. Важно е да дишете длабоко. Останете во оваа положба 2-3 минути. За да излезете од оваа поза, полека свијте ги колената и префрлете ги на една страна. Ова е навистина корисна вежба чиј резултат ќе го почувствувате веднаш.
2. Табаните и колената заедно (Supta Baddha Konasana)
Легнете со грб на перницата. Соединете ги табаните, и поместувајте ги колената на различни страни. Рацете испружете ги во должина на телото. Останете во оваа поза 3 минути. Не заборавајте да дишете длабоко и рамномерно.
3. „Труп“ поза (Savasana)
Ова е последната поза пред да потонете во безгрижен сон. Продолжете да лежите на грб, со нозете испружени во ширина на рамењата, рацете во должина на телото, а дланките нагоре. Дишете слободно и длабоко. Тоа нека биде вашиот единствен фокус – дишењето. Оставете мислите самите да течат, а вие набљудувајте од страна. Останете во оваа положба од 3 до 5 минути.