Кои љубовни совети би ви ги препорачале келнерите?
Келнерите се најискусните набљудувачи, а од анализата што секојдневно ја прават на паровите низ локалите, тврдат дека прекраткиот фустан, плаќањето на сметката и нарачката, говорат многу за резултатот од состанокот.
Не се доведувајте себе ни соговорникот во незгодна позиција
Ако другата страна сака да ја поделите сметката, допуштете. Кавалерството е убаво, но ако наметнувањето стане агресивно, не му е пријатно ниту на оној кој наплатува.
Оној кој нарачува, тој сака да доминира
Доколку мажот нарачува храна или пијалок за својата партнерка, а не ја прашува што таа сака, очекувајте долга и непријатна средба. Не постои оправдување за одлучување во име на оној кој самиот знае да размисли.
Премногу зборувате
Дали сте ја довршиле својата приказна, а не сте слушнале ниту збор од другата страна? Да, зборувате премногу и разговорот би требало да биде како секс – неопходно е учевство на двајца.
Внимавајте на должината на фустанот
Иако надвор е топло, жени немојте да облекувате прекратки фустани, бидејќи ќе станете мета да погледи од целиот ресторан. Тоа особено се однесува на првиот состанок, кога првиот впечаток е најважен.
Да, се слуша што разговарате
Нормално дека келнерите можат да слушнат што разговараат луѓето и да ја почувствуваат атмосферта меѓу нив, но немојте да бидете параноични. Ние сме премногу зафатени за да обрнуваме големо внимание на тоа, а ако внимавате само на тоа тивко да зборувате, изгледате нервозно и исплашено.
Внимавајте што ќе нарачате
Изборот на храна и пијалок е многу важен. Црното вино остава дамки на забите, а ако јадете шпагети или риба, можете да изгледате многу неуредно. Доколку јадете нешто во тој стил, отидете во тоалетот, да проверите да не ви останало нешто меѓу забите.
Не се откажувајте веднаш
Доколку не ви се допаѓа од прва, немојте веднаш да се откажете. Еднаш видов девојка која во рекордно време го испи пијалокот и си замина. Тоа е одвратно и изгледа тажно, барем дадете му можност до крајот на состанокот.
Броењето на калории е неприфатливо
Нарачајте што сакате, но немојте да бидете онаа која ќе земе најмала порција салата и притоа ќе пресметуваа калории. Изгледа површно, а тоа никој не го сака.