Не сакам веќе да изгледам изморена: Трансформација што воодушевува

После 6 години грижа кон сопругот, кој доживеал шлог, тој најпосле почнал да се чувствува подобро, па Барб одлучила дека е време да се посвети малку на себе си.

Барб е доказ дека на жената и е потребно само малку за да не изгледа уморно и да се чувствува многу подобро. Нејзината мајка постојано и’ говорела дека изгледа целосно изморена, што и навистина било така. Откако нејзиниот сопруг добил шлог и не можел повеќе да се грижи за себе, Барб ја превземала на себе сета грижа и товар, па годините му ги посветила нему.

После сите тие години, одлучила да направи нешто и за себе, и така дошла идејата за позитивна трансформација.

„ За почеток сакам да изгледам свежо. Мојот сопруг се чувствува многу подобро, така што време е за мене“, рекла Барб, која по само неколку мали интервенции изгледа сосема поинаку – помладо, посвежо и посреќно. Офарбаната коса, минималната шминка и ентузијазмот ја претворија во сосема нова жена.

Во продолжение еве го и видеото од трансформацијата.

- Реклама -