Интересен рецепт за сечиј вкус.
Состојки:
2 дл. млеко
1 лажичка шеќер
1 коцка свеж квасец
2 дл. масло
250 г. маргарин
900 г. брашно
3 лажички сол
1 јајце
сусам по потреба
Подготовка:
1. Соединете ги млакото млеко, квасецот и шеќерот, па освете ги да нараснат. Посебно помешајте ги маслото и солта, додадете маргарин и квасец. па со постепено додавање на брашно со рака, соединете ги сите состојки и измесете меко тесто.
2. Тестото не треба да отстои, туку веднаш развлечете го, со дебелина на прст и правете переци.
3. Редете ги во тепсија која не мора да биде подмачкана, бидејќи тестото е мрсно. Премачкајте ги со изматено јајце и ставете им сусам, па печете околу 15 минути на 220 степени во претходно загреана рерна.