АНКЕТА Вистински или измислени ликови- сепак кој ја заслужува главната награда?

Има уште 18 дена до доделувањето на Оскарите, а во новата недела ви носиме и нова анкета!
По анкетата во категориите за најдобра споредна машка и женска улога во кои ги избравте своите фаворити, ви ја претставуваме и категоријата за најдобара главна машка улога за Оскар 2015 година.

1. Еди Редмајн


Младиот актер имаше голем предизвик да го отелотвори брилијантниот физичар проф. д-р. Стивен Хокинг. Не само што личи на него физички, тој одлично ја прикажа борбата на познатиот физичар, како и неговиот приватен живот. Филмот е снимен според биографијата на сопругата на Хокинг, со која поминал 30 години во брак.

2. Стив Карел


Не само што улогата во „Foxcatcher“ се разликува од сé што досега глумел, популарниот актер го смени и изгледот- доби нов нос и на прв поглед е доста тешко да се препознае.

3. Бредли Купер


Згодниот актер ја доби својата трета номинација за Оскар, а овој пат го играше војникот Крис Кајл во филмот „Снајперист“ кој е направен според неговата биографија. Не било лесно да се одигра Кајл, но Купер успеа во тоа. Освен психичката подготовка, било потребно и физички да личи на него, па качил 15 килограми чиста мускулна маса.

4. Бенедикт Камбербач


Британскиот актер доби номинација за улогата во филмот „Imitation Game“. Филмот е снимен според историската приказна за Алан Тјуринг, генијалниот британски математичар кој го пробил енигма кодот.

5. Мајкл Китон


Славниот актер моментално е најголем фаворит со оглед што веќе доби Златен глобус за истата улога во филмот „Birdman“. Долго време потценетиот Мајкл Китон се врати на големото платно, и дефинитивно ја заслужи номинацијата за Оскар 2015 година.

[polldaddy poll=”8632365″]

- Реклама -