Кит Андерсон е посветен татко од Онтарио кој пронашол уникатен начин да ги овековечи фазите на детството на неговиот син Каи. Имено, неговата десна рака е прекриена со тетоважи кои се базирани на цртежите на Каи, уште откако тој имал 5 години.
Неодамна неговиот син присуствувал на тетовирањето на неговиот татко, при што изразил желба и тој самиот да стави тетоважа на неговото тело.
„Обожава тетовирање. Не сум слушнал до сега некој друг да прави тетоважи од цртежите на своето дете, и е навистина забавно. Луѓето ме прашуваат што ќе правам кога ќе снемам место на телото, а јас им одговарам дека ќе го терам Каи да црта помали слики“, вели Андерсон.
[five_sixth][/five_sixth][five_sixth][/five_sixth]