Изненадување во тегла: Подарок од соништата за саканата личност

Кога се ближи некој повод, постојано се прашуваме – што сега, што да подарам, што би го/ја направило најсреќниот човек на светот? Дали тоа да биде кошула, технологија или некоја добра книга?

Наместо да купите подарок, сепак, можете да го направите самите, благодарение на оваа неверојатно романтична идеја.

Единствено што треба да вложите е целата ваша љубов и искреност, при создавањето на еден ваков подарок.

Потребна ви е голема стаклена тегла и хартија во три бои.

Исечете 365 ливчиња. На жолтите, напишете ги сите заеднички моменти и спомени, на зелените љубовни цитати, а на розовите причините зошто го/ја сакате толку многу.

Превиткајте ги и ставете ги во тегла. Кога ќе го подарите, кажете му на партнерот дека треба секое утро во текот на една година да влече по едно ливче. Така ќе му го разубавите денот, а воедно и ќе го потсетите колку многу ви значи.

0115575001418210353_0

- Реклама -