Генијална идеја – во Австралија, секој ден е „Ден на дрвото“

Со седиште во Мелбурн, компанијата ArborCo покажува како може да се заработува од грижа за природата. Да, ова е исто така бизнис, а при тоа е доста профитабилен, но и еколошки.

Една од активностите на компанијата е поврзана со движењето на големи дрвја од едно на друго место.

Ова се постигнува благодарение на специјални машини кои го преместуваат дрвото, заедно со неговите корени, без тие да бидат повредени.

Погледнете го и видеото кое објаснува колку е лесно е да се изгради дури нов парк во градот, со дрвја кои ги има во изобислтво на некое друго место, а протоа да се зачува нивниот живот.

- Реклама -