Лошата страна на садоперите од нерѓосувачки челик се белите траги од бигор. Перењето со детергент и бришењето со влажна крпа релативно лесно го одржуваат чист, но бигорот, трагите од маснотии и тврдокорните дамки од храна бараат екстра напор.
Како алтернатива, постои ефикасен и едноставен начин на чистење на садоперот, по кој кујната ќе ви заблеска. Потребни ви се само сода-бикарбона и оцет.
1. Прво, исперете го целиот садопер со вода. Испирањето има две главни улоги: водата ја брише површинската прашина и остатоците од храна и создава влажен слој преку површината, која служи како подлога за сода-бикарбоната.
2. Посипете од содата по целиот садопер. Исчистете го садоперот и славината. Сода-бикарбоната е супер начин да се исчисти нерѓосувачкиот челик – доволно е груба да ги отстрани остатоците од бигор и храна. Од друга страна, тоа што е прехранбен продукт значи дека нема да останат силни хемикалии во контакт со садовите.
3. Изрибајте го садоперот со четка со меки влакна. Мете да користите една поголема, за поголемите површини, и една мала, за славината и сличните детали. Стара четка за заби може да биде идеална за чистење на рабовите и славината, но и за решетката на одводот на садоперот.
4. По рибањето, во шише со распрскувач ставете малку оцет и распрскајте го по садоперот. Особено напрскајте ја решетката на одводот – таа содржи најмногу бактерии, бидејќи таму се собираат остатоците од храна во текот на миењето на садовите. Оцетот и содата, при контакт, создаваат пена. Некои студии велат дека оваа комбинација неутрализира дури 99% од бактериите и 80% од вирусите. Киселоста на оцетот влијае и на опуштањето на алкалниот калциум, што го прави навистина погоден за чистење на садопери од нерѓосувачки челик.
5. Исперете го садоперот со вода, триејќи ги со крпа остатоците од оцетот и сода-бикарбоната. Кога ќе завршите, садоперот прилично ќе сјае. Ако не сте задоволни, можете дополнително да го исполирате со крпа на која ќе ставите малку маслиново масло.