Анџелина Џоли како злобната кралица во „Заспаната убавица“

Disney ја покажа првата фотографија на на Анџелина Џоли како лошата волшебничка Maleficent во филмската верзија на Disney класикот од 1959 „Заспаната убавица“.

За изведбата на лошата кралица Maleficent Анџелина Џоли носи жолти леќи. Изведбата на оскаровката ќе открие зошто таа станала лоша и зошто го проколнало новороденчето Аурора или Заспаната убавица.

Maleficent започна со снимање минатата недела со Анџелина Џоли, Ел Фенинг, Имелда Стонтон, Миранда Ричардсон, Џуно Темпл, Лесли Менвил и Шарлто Копли. Филмот е во режија на Роберт Стормберг кој доби оскар за неговата работа на Avatar и Alice in Wonderland а извршен продуцент е лично Џоли. Филмот е најавен за премиера во 2014 година. [Angelina is ‘Maleficent’: First image]

- Реклама -