Microsoft Office 365 со Moodle ја трансформираат технологијата во образованието

Новата интеграција на софтверот со отворена лиценца за користење – Microsoft Office 365 со Moodle ја трансформираат технологијата во образованието.
Додатоците кои се развиени од страна на Microsoft Open Technologies и Remote-Learner обезбедуваат брзина и ефикасност за корисниците на Moodle

 Подружницата на Microsoft, Microsoft Open Technologies Inc., заедно со водечките партнери Moodle и Remote-Learner Inc. минатата недела најавија интеграција помеѓу Moodle и Microsoft Office 365. Интеграцијата ќе воведе повеќе продуктивност кај наставниот кадар и учениците преку поедноставување на постапките при најава/логирање на нивните профили, календари и креирање на содржини, како и дополнителни подобрувања наменети за работата на едукативните институции и другите Moodle корисници.

“Во тесна соработка со Remote-Learner обезбедивме техничко решение за еден од најпопуларните системи за образовен менаџмент со отворена лиценца за користење, кој има за цел да обезбеди непречени работни процеси за корисниците на Moodle и на Office 365”, изјави Жан Паоли (Jean Paoli), Претседател на Microsoft Open Technologies Inc. “Соработката на Microsoft Open Technologies со Moodle заедницата ќе продолжи во правец на собирање повратни информации како и одржување, подобрување и додавање нови функции”.

Софтверот со отворена лиценца за користење, Office 365 и Microsoft Services plugins наменети за Moodle вклучуваат интеграција со OneDrive for Bussines, OneNote и Office 365 Оutlook Calendar. Интеграцијата ќе им овозможи на студентите и предавачите, како и на бизнис корисниците да се најават/логираат на Moodle со истиот личен идентификационен број (ID), правејќи го поединечното најавување/логирање полесно и побрзо, како за едукативните Институции, така и за другите Moodle корисници со Office 365 профил. Дополнително, планираните активности креирани во Moodle ќе бидат зачувани во личниот календар Office 365 calendar на професорите и студентите, овозможувајќи им полесно следење на предметите и датумите. Претходно, беше потребно наставничкиот кадар да го ажурира својот Оutlook calendar мануелно или да испрати покана за активноста одделно, до сите студенти.
Интеграцијата со OneNote ќе овозможи наставничкиот кадар да креира задачи во OneNote програмата, студентите да ја завршат задачата во апликацијата со дигитален запишувач на белешки (note-talking application) и да ги достават резултатите преку Moodl, каде професорите ќе дадат повратен одговор, во истиот OneNote документ.

Дополнителната интеграција помеѓу Moodl и Office 365 ќе овозможи наставничкиот кадар лесно да вградува интерактивни онлајн (online) предавања креирани во PowerPoint со Office Mix преку отворен стандард за форматирање. Овие предавања можат да содржат аудио, видео, digital ink, интерактивни симулации или евалуации. Документите зачувани во OneDrive for Bussines може автоматски да се поврзат со предавањата содржани во Moodl. Можноста за дополнување на овие документи ќе се појави автоматски, во вид на линк во Moodl, коj овозможува актуелната верзија на која се работи, преку поедноставен третман на нејзината содржина да биде зачувана во Cloud.

“Ние сме почестени од можноста да работиме со Microsoft на интеграцијата на Moodl со Office 365 платформата. Преку Office 365 plugins за Moodl, Microsoft продолжува да ја демонстрира својата посветеност кон софтвери со отворена лиценца за користење и кон образованието “, рече Џејсон Кол (Jason Cole), Извршен Директор на Remote-Learner. “Предавачите и тренерите кои ги имаат и Moodl и Office 365 можат да споделат нови искуства во учењето преку искористување на моќта на двете платформи. Администраторите на Moodl може да ги имплементираат овие нови функции имајќи ја предвид поддршката од Microsoft и Moodl “.

На 21 јануари 2015 година, во рамките на BETT Show 2015, Microsoft Open Technologies Inc. официјално ја објави верзијата 1.0 на овој проект кој започна на GitHub под GPLv3 во септември минатата година. Додатоците (Plugins) ќе бидат достапни за преземање од директориумот за додатоци на Moodle plugins directory, преку Azure-certified Virtual Machine image и VM Depot.
Во текот на BETT Show 2015, учесниците се запознаа подетално со процесот на интеграција на Moodl и Office 365 од Ентони Салцито (Anthony Salcito), Потпретседател на одделот за Светско образование во Microsoft (Worldwide Education at Microsoft), кој настапи со презентацијата “Улогата на технологијата во трансформацијата на образованието”. По воведната презентација, учесниците на BETT Show 2015 присуствуваа на сесијата “Moodl и Microsoft: Подобри заедно“, презентирана од Џејсон Кол (Jason Cole), Извршен Директор на Remote-Learner и Даг Махух (Doug Mahugh), сениор – технички евангелист во Microsoft Open Technologies.

Повеќе информации и новости за Microsoft Open Technologies се достапни преку зачленување на блогот на Microsoft Open Technologies.
Повеќе информации за Remote-Learner погледнете на www.remote-learner.net

# # #

За Remote-Learner: Од 1982 година Remote-Learner за своите владини, образовни и бизнис клиенти обезбедува услуги во рамките на образовната технологија. Денес овие услуги вклучуваат поддршка за најдобрите софтверски програми со отворена лиценца за користење. Remote-Learner е официјален партнер на Moodl кој обезбедува поддршка и услуги за хостирање, персонализирано програмирање, тренинзи, обуки и стратешки консалтинг за организации кои третираат програми за онлајн учење. Remote-Learner има сопствени канцеларии во Вејнсборо, Оверленд Парк, Форт Колинс, Ватерло, Онтарио (Канада), Оксфордшир (Велика Британија) и истовремено опслужува Клиенти во САД, Канада, Мексико, Карибите и Велика Британија.

Microsoft Open Technologies Inc. е подружница во целосна сопственост на Microsoft. Посветена е на унапредување на инвестициите на компанијата во отвореност вклучувајќи интероперабилност, отворени стандарди и софтвери со отворена лиценца за користење. Microsoft Open Technologies е фокусирана на своите Клиенти преку обезбедување на уште поголем избор и можности за премостување на Microsoft и технологии кои не се од Microsoft, заедно во хетерогени работни средини, убедени дека отвореноста е добра за клиентите, добра за заедницата и добра за бизнисот. Дополнителни информации за Microsoft Open Technologies погледнете на: www.msopentech.com

За Microsoft Inc.: Основана во 1975 година, Microsoft (Nasdaq “MSFT”) е светски лидер во производство на софтвер, услуги и решенија кои им помагаат на луѓето и бизнисите во реализацијата на нивниот целосен потенцијал.

- Реклама -