Со денови не знаел дека во паричникот носи 73 милиони евра

Секогаш е добро кога во паричникот ќе пронајдеме пари за кои сме заборавиле дека воопшто се таму. Ваквите настани ги доживуваме како среќа. А што доколку не знаете дека во џебот ви се наоѓаат 73 милиони евра?

Овој неверојатен настан го доживеал еден Французин, кој сосема заборавил на неговото ливче со добитна комбинација.

Имено, среќниот добитник кој бил претплатен во играта Еуромилионс, сосема изумил да провери дали е неговото ливче добитно. Неговиот Џекпотот бил извлечен уште на 2 декември, но за негова среќа, подигнувањето на наградите можело да се изврши во рок од два месеци. Да почекал уште малку, ќе истечел, но за среќа ова е приказна со среќен крај.

„Повеќе од еден месец не знаев дека во паричникот чувам среќно ливче вредно 73 милиони евра“, изјавил среќниот тој.

- Реклама -