Со волкаво изобилство од информации и наметнати критериуми од страна на интернет просторот, очигледно станавме премногу пребирливи во изборот на партнер.
Често може да се слушне како еден или друг не ги исполнува вистинските критериуми – не е доволно атрактивен, силен, мистериозен, недостижен…и какви ли не глупости.
Вистината е дека надвор има одлични мажи кои ги имаат квалитетите што треба да се бараат во еден идеален партнер и иден сопруг. Но всушност свесни ли сте што барате кај мажот? Кои се квалитетите неопходни за една здрава врска?
1. Сочувство
Една од најсилните чувства е емпатијата – способноста да сочувствува со луѓето. Мажот кој може да ги разбере страдањата, но и да ги сподели искрено убавините е исклучително потенцијален. Тој секогаш ќе се обидува да се стави во чевлите на другите, за да го запознае светот таков каков што е, и да го даде најдоброто од себе, за да продолжи да се врти планетата.
2. Учи од грешките
Никој од нас, луѓето, не е совршен. Всушност правиме повеќе грешки отколку што некогаш ќе признаеме. Имајќи го тоа предвид, нема како да не прифатиме дека еден од најдобрите квалитети на мажот е неговата способност да каже отворено „Погрешив!”. И да побара начин да ја поправи грешката. Потсетуваме дека најголемите умови во историјата исто така доживеле неуспех, но наместо да ги кријат, тие ги признале и прифатиле. Добриот човек ќе признае дека погрешил, и ќе се потруди да стане подобра личност.
3. Прави шеги на своја сметка
Животот воопшто не е лесен, а ако го сфаќате премногу сериозно, ќе ви се стори уште потежок. Затоа е особено важно да имате партнер кој може да се насмее на себе си, кога работите ќе се влошат. Ќе видите дека со таков маж, животот е витинско уживање.
4. Тој треба да биде отворен и искрен
Живееме во таков свет, што на сите ни стана полесно само да се преправаме дека ништо не се случило или да си повториме едноставно „сè е во ред”. Вистинскиот маж не се плаши да се соочи со работите какви што се. Ова сепак не е воопшто лесно. Не е лесно и за жената, која живее со него, бидејќи ќе слушне непријатни нешта. Вреди сепак, бидејќи тоа е начинот да имате здрава и среќна врска.
5. Дарежлив
Може и да е клише, но секоја жена сака да биде дарувана – едни сакаат мажот да им подари цвет, да им подари скапоцен камен, други сакаат различни гестови. Значи, кога ќе дојде време, сите ние очекуваме пријатно изненадување од мажот крај себе. Ако тој не ги негува овие мали задоволства кои ја покажуваат неговата љубов, дали навистина се грижи за врската?
И уште нешто – мажите кои издвојуваат од слободното време, наместо од парите, се реткост, за жал. Маж кој ве дарува со внимание, е доста важен. Со таков човек ќе бидете сигурни дека можете да изградите стабилно семејство во кое ќе бидете ценети како рамноправен партнер, а не само како убаво освојување.