Наглите промени во температурата кои ни ги донесе оваа зима оставија последици врз нашата моментална здравствена состојба. Без разлика на тоа дали спаѓате во онаа група на луѓе кои успеаја да ги изгбегнат сезонските настинки, или пак сте во оние кои немаа среќа да останат заобиколени, пробајте го овој вкусен рецепт кој и тоа како ќе ви го зајакне имунитетот, и ќе ви помогне во борбата со вирусите.
Состојки:
– 6 лимони
– 1 поголемо чешне лук
– 2 лажици ѓумбир во прав
– 2 лажици мед
– 3 чаши сок од ананас
– ¼ лажичка мелена пиперка
Подготовка:
1. Со помош на блендер добро исцедете ги сите шест лимони.
2. Додадете ги сите останати состојки и добро измиксајте се додека не добиете изедначена смеса.
3. Добиената содржина прелиете ја во стаклено шише, и ставете ја во ладилник.
4. Секој ден пијте по четири чаши од овој пикјалок, додека симптомите во целост не исчезнат.