Чистењето на куќата е емотивен ролеркостер, сакате да ја исчистите и кога тоа ќе го направите, сфаќате дека вашата куќа и не блеска онака како што сакавте. Затоа е важно и да посветите внимание и на следниве неколку детали.
1. Тоалет
Иако вашата када блеска, па дури и wc-школката изгледа беспрекорно, постои една област која сигурно ја заборавате. Тоа е позадината на wc-школката. Лесно е да ја изумите, но е погодно место за џобирање на бактерии.
2. Кантата за ѓубре во кујната
Убедени сте дека вашата канта за ѓубре стана чиста откако ја испразнивте? Грешите! Морате темелно да ја измиете барем еднаш неделно. Можете да користите и оцет во овој третман против бактерии кој се создава од остатоците храна, а се тешки да се забележат со голо око.
3. Пешкири
Се навикнавте да користите омекнувач за пешкирите да се меки и нежни како првиот ден, но ова е сосема погрешно. Фабричките омекнувачи, ги прават пешкирите меки на добир, но тие создаваат додатен слој кој не може да се тргне, и со самото тоа ја намалува можноста за упивање на пешкирите.
4. Влакна од милениците
Иако редовно ги чистите влакната од вашите миленици, никогаш не можете да се ослободите од сите. Најдобар трик е да ставите гумени ракавици, и да преминете преку мебелот. Со ова ќе соберете се што сте пропуштиле со правосмукалката или лепливиот ролер.