Постои идеално време за пиење на кафе

Повеќето луѓе низ светот пијат кафе, а некои повеќе од другите. Погледнете ја оваа едноставна и информативна графика, која содржи прегледен вид, за тоа кога е најдобриот момент за пиење на кафе, во согласност со деноноќните ритми на човечкиот организам.

Кога се чувствуваме будни, главен виновник за тоа  е хормонот кортизол, чии нивоа во телото го следат природниот 24-часовен циклус. Највисоките нивоа на хормонот во крвта се во часовите од 8 до 9 наутро, помеѓу 12 и 13 часот напладне, како и помеѓу 17.30 и 18.30 часот. Токму тоа се часовите во кои сме будни , свежи и функционални дури без да посегнуваме по шолјата со кафе.

co

Според науката, пиењето кафе во овие периоди не го дава очекуваниот ефект, поради проста причина што нашиот мозок веќе е под влијание на својот природен „кофеин”.

Значи, во часовите од  од 9.30 до 11.30, како и 13.30 до 17 часот нивоата на “будниот хормон” се најниски, а кафето е нашиот посакуван спасител.

Можете да го најдете оригиналот на графиконот тука , а истражувањето на кое е базирано се наоѓа тука .

- Реклама -