Ambio светилката како извор на светлина ја користи бактеријата bioluminescent која ја има во пипалата на октопусот. Кога се изложува на кислород, микроорганизмите емитуваат сина боја.
Автор на овој пронајдок е Teresa van Dongen – поранешна студентка по биологија, која што подоцна започнала да се занимава со дизајн.
Овој проект на холандската дизајнерка претставува дипломски труд на академијата за дизајн Ајндховен. Таа започнала со идејата како може да се искористат други извори на енергија за произведување на светлина.
Бактеријата во светилката може да опстане само пет дена. Таа соработува со биолози со цел да се прошири животниот век на бактеријата и светлината. Таа вели дека за да може да се прочита една книга потребно е синтетички да се зголеми количината на бактеријата за да се произведе поголема светлина.