Замислете дека се наоѓате на меден месец на тропски остров, каде што сте платиле прилично скапо за приватна вила, а одеднаш ви се јавуваат и ве бараат за работа. За колкава сума би го напуштиле островот за 48 часа?
Оваа одлука требало да ја донесе актерот Бред Пит неодамна. Износот што го добил за непријатноста, чинел 13 милиони долари.
Тројца познати актери – Бред Пит, Леонардо ДиКаприо и Роберт Де Ниро, добиле по 13 милиони долари за 2 дена снимање на краток рекламен филм за целите на казино во Макао.
За оваа сума тие работеле на долгометражни филмови со месеци, но предлогот на казино Studio City им ја обезбедил истата само за 2 дена работа. И тоа не е сè – режисер на рекламата е Мартин Скорсезе, а сценарист Теренс Винтер (Волкот од Волстрит).
Целиот буџет на рекламата чини 70 милиони долари, што ја прави најскапата реклама во светот. Сопственици на казиното се Лоренс Хо и Џејмс Пакер кои имаат лични сметки во износ на 2.4 и 6.4 милијарди долари.
Погледнете го првиот клип од рекламната снимка: