„Само две нешта се бесконечни – Вселената и човечката глупавост. Иако за тоа првото не сум баш сигурен дека е така.“ – рекол големиот Алберт Ајнштајн, а човештвото никогаш не прави напори за да го негира тоа.
7% од Американците му се молат на Бога да најдат добар паркинг простор.
Hippopotomonstrosesquippedaliophobia се вика стравот од долги зборови.
2,6 милиони Кенијци практикуваат како спорт голо ноќно трчање.
55% од Американците мислат дека се попаметни од просечниот Американец.
Во Дорсет, Минесота, три-годишно момче беше избрано за градоначалник.
Еден од четворица Американци веруваат дека сонцето се движи околу Земјата.
1 од 10 Американци веруваат дека HTML е сексуално пренослива болест.
Во 2007 година, босанска двојка се разведе по откривањето дека тие имале онлајн афера под лажни имиња.
Шакира била исфрлена од страна на училишниот хор, бидејќи наставникот сметал дека пее како коза.
Леонардо ди Каприо го добил своето име, откако неговата мајка застанала пред портретот на Леонардо да Винчи, кога за прв пат започнал да се движи во нејзиниот стомак.
Американската тајна служба се обидела да додаде во исхраната на Хитлер, женски хормони.
Основач на Match.com ја изгуби својата девојка за еден човек со кого таа се состанала на Match.com.