Во последните неколку години стапката на криминал во Њујорк бележи значаен пад, но не секогаш работите биле онакви какви што се сега. Историјата на злосторства во овој град се помнат уште од 1700-те години, кога се случило и едно од најпознатите нерешени убиства – случајот наречен Џулиел Елмор Сандс.
Џулиел Елмор Сандс ја напуштила својата соба во пансионот во Гринич стрит на 22 декември 1799-та за да би се состанала со нејзиниот љубовник Леви Викс. Таа ноќ планирале да побегнат. За жал, Сендс не се појавила, а 11 дена подоцна, нејзиното тело со траги на давење биле пронајдени во бунар во крајот Лиспенардс Медоу, во Сохо. На местото каде некогаш се наоѓал овој бунар, денес е луксузната продавница за облека „COS“.
Остатоците од бунарот пак, се уште стојат на старото место. Се наоѓа во долниот дел на бутикот, во машкиот оддел.
После смртта на Џулиел, осомничен бил нејзиниот сакан, Викс. Се зборувала дека таа останала бремена, и дека токму од таа причина тој одлучил да ја убие. Иако Викс бил уапсен, после судењето бил ослободен од обвиненијата.
Но, со оглед на тоа што никој од градот не верувал во неговата невиност (медиумите пишувале против него, а нејзиното семејство дури и го изложило нејзиното тело пред пансионот), Викс одлучил да го напушти градот.
Убиството никогаш не било разрешено.