Не е лесно да се биде таксист. Неопходно е да имате многу толеранција и подготвеност да се соочите со секакви разговори, секакви луѓе, а понекогаш и бестрашност.
Мајк Харви работи како таксист во Велс и често се среќава со интересни, чудни, па дури и опасни луѓе, како и секој таксист.
Тој вели дека откако е дел од оваа професија сретнал сешто – „стари и млади, богати и сиромашни, пијани и лудничави”.
Инспириран од муштериите, Мајк започнува фото проект наречен „такси “, со кој се обидува да документира различни луѓе, кои патувале на задното седиште на неговиот автомобил, и нивните приказни.
Интересно е дека возачот секогаш ги прашува патниците за дозвола да ги слика. Тој се надева дека со овие неврзани кадри ќе може да документира визуелен дел од велшката култура.