Интернетот врие од видеа и фотографии базирани на моментот на запросување, но секогаш е интересно кога ќе се појави нешто слично од нашето поднебје.
Овој пат еден досетлив Македонец ја побарал својата девојка Ана Марија за жена, „користејќи“ го малото бебе на неговиот брат.
Имено, на блузата од бебенцето направил натпис со следнава содржина:
„Чичо ми вика дека си многу убава и фина, затоа те прашувам сакаш ли да ми бидеш стрина?“.
И така, на оваа македонска бајка и посакуваме да си живеат среќно до крајот на животот 🙂