Имаше многу гласини дека Samsung ќе го претставaт Galaxy S6 на CES 2015, но истото, се разбира, не се случи – наместо тоа корејската компанија официјално ги објави првите паметни телефони од новата серија Galaxy E – E5 и E7.
Првиот уред доаѓа со 5-инчен HD Super AMOLED дисплеј, quad-core процесор од 1.2GHz, 1.5GB оперативна и 16GB внатрешна меморија со можност за зголемување преку microSD картичка. На карактеристиките на Galaxy Е5 уште влегуваат 2,4000 mAh батерија, 5 мегапикселна предна и 8-мегапикселна задна камера.
Другата графичка од серијата – Galaxy E7 е со 5.5-инчен Super AMOLED display, quad-core процесор од 1.2GHz, 2GB RAM и 16GB, повторно со слот за microSD картичка. Капацитетот на батеријата е Е7 е 2,950 mAh, а камерите се 5 мегапикселна и 13-мегапикселна. Смартфонот е со оперативен систем Android 4.4 KitKat и одржува две SIM картички.
И двата уреди имаат исти опции за предната камера – селфи со гласовна команда, снимање со гест на раката, како и Beauty Face. Samsung најави дека тие ќе добијат Android 5.0 Lollipop наскоро, но не прецизира точно кога.
Galaxy E5 ќе се нуди за околу 305 долари, а Galaxy E7 ќе може да се купи за околу 363 долари, што ги прави поевтини од смартфоните од Galaxy A серијата.