Hyundai сопствениците веќе ќе можат да управуваат со автомобил со Android Wear часовникот. Ова е последниот крик на модата, кој Корејците ќе го внесат во најновите модели на автомобили од 2015 година. Sonata, Genesis и Azera ќе бидат првите кои ќе ја нудат новата екстра.
Со апликацијата Blue Link, Android Wear ќе може да се вршат разни команди како палење на автомобилот, отклучување и заклучување, вклучување на светлата и активирање на сирената. Директно од вашиот зглоб ќе можете да го лоцирате својот автомобил или да се јавите при помош при потреба.
Врската ќе се случува преку Bluetooth, а од таму натаму сите команди ќе бидат можни под услов да има интернет конекција. За капак на сето тоа ќе може да ги искористиме и говорните функции на Android Wear и ќе може да се вршат коменди како “start my car” или “lock my car”.
Системот Blue Link беше претставен официјално во 2012 година, а сега, на CES 2015, Hyundai ќе го пуштат на пазарот. На крајот на краиштата, ова се најважните нешта за возачот и би биле многу практични. Во зима ќе може да си ја запалите колата да се загреете додека сте уште во кревет, а ако заборавите да ја заклучите нема да мора да одите до паркингот за да проверите.