Подготовката на тестото и не е баш омилен кулинарски зафат на нетрпеливите домаќинки (или домаќини), кои го мразат периодот во кој треба да го остават убаво да нарасне. Но, за ова постои решение. Квасецот кој го поттикнува нараснувањето, најдобро дејствува во топли средини.
Поради ова, обликуваното тесто ставете го во близина на некој извор за топлина. Идеално е тестото кое нараснува да стои во близина на рерна која е вклучена за да се загрее. Меѓутоа, водете сметка и за тоа дека доколку го сместите премногу блиску до изворот на топлина, можете да добиете спротивен ефект.
Нараснувањето ќе го забрзате доколку обликуваното тесто го прекриете со благо навлажнета кујнска крпа. Оваа постапка, во комбинација со ставањето на тестото на топло место, може да го забрза нараснувањето и подготовката на финалниот рецепт.