Необичниот метод на детектирање на бременост со помош на оваа жаба се нарекува Хобгенов тест и се изведува само на женки, и тоа од родот на посебен вид афрички жаби – Xenopus laevis.
Пред да постојат денешните модерни тестови, жабата на големо се извезуваше низ светот, токму од овие причини – да послужи како тест за бременост.
„Работи“ релативно слично на модерните тестови, од аспект на тоа дека клучната улога, покрај жабата, ја има урината на жената што се тестира. 1-2 мл. од нејзината прва утринска урина би се вбризгала во лимфната ќеса на грбот на жабата, а навечер жените би ја провериле состојбата на животното.
Ако жената е трудна, кај жабата доаѓа до провоцирана овулација. Со други зборови, жабата во низа исфрла јајце-клетки, кои пак се видливи со голо око и се индикатор за бременост. Станува збор за оние исти јајце-клетки што на пролет имаме прилика да ги видиме во водите кои ние ги нарекуваме жабокречини.