Тулумба со кафенце или боза…таа е фантастичен десерт, кој што можете да го подготвите по повод престојните празници и да уживате заедно со семејството.
Состојки:
Состојки за тесто:
400 милилитри вода
6 лажици масло
250 грама брашно
5 јајца
Состојки за шербет:
800 грама шеќер
400 милилитри вода
1 лимон исечен на парчиња
Подготовка:
1. Загрејте вода. Откако истата ќе зоврие , полека додадете го брашното и постојано мешајте, додека смесата не се згусне и започне да се одвојува од лонецот.
2. Тргнете го садот од оган и оставете ја смесата малку да се олади на собна температура.
3. Во изладената смеса додадете едно по едно јајце, а притоа мешајте со раце.
4. За подготовка на шербетот варете вода и шеќер на висока температура додека шеќерот не се растопи, а за крај додадете го лимонот и оставете шербетот да се олади на собна температура.
5. Потоа загрејте масло на висока температура, а со помош на шприц за декорирање истискајте ја претходно подготвената смеса во вид на тулумба.
6. Во топлото масло тулумбите сами ќе се завртат. Кога ќе добијат златно жолта боја извадете ги, а потоа ставете ги со ладниот шербет.
7. Кога сите тулумби ќе бидат готови, полијте ги со остатокот од ладниот шербет и ставете ги во фрижидер за да се оладат пред послужување.