Зошто жените глумат оргазам?

Глумењето оргазам е секогаш актуелна тема, но само мал број истражувања се спроведени со цел да се дознае причината. Па конечно, за потребите на една нова студија, беа анкетирани 500 жени, кои искрено одговорија зошто глумат оргазам. Следниве причини се најчести:
 

Добронамерна измама

Некои жени ќе изглумат оргазам за да направат нивните партнери да се чувствуваат подобро. Тие сакаат нивните мажи да бидат полни со самодоверба и се плашат дека ќе се чувствуваат лошо ако помислат дека не успеале да ја задоволат.
 

Страв и анксиозност

Меѓу причините е и стравот. Таа се плаши дека нејзиниот партнер ќе помисли дека нешто не е во ред со него или со неа ако таа не може да доживее оргазам. Со глумењето, овие жени ја прикриваат својата несигурност кога е во прашање перформансот во креветот.
 

Тоа ги возбудува

Голем број од жените изјавиле дека прибегнуваат кон лажен оргазам зашто тоа ги возбудува. Тие велат дека повеќе уживаат во сексот кога глумат дека свршиле, што им го подобрува самиот чин.
 

Со нетрпение чекаат крај

Уште една причина е досадата, како што велат дамите. Некогаш им е досадно во текот на сексот, па се што сакаат е само што побрзо да се заврши работата. Глумењето оргазам може да биде тикет за жената конечно да може да се испружи во удобна позиција и да се одмори/заспие.

Истражувачите најавуваат уште студии од оваа област, која според нив е недоволно истражена.

- Реклама -