Најновиот смартфон на Meizu е копија на iPhone 5C

Веќе неколку компании го ископираа дизајнот на iPhone, а најнов на таа листа е на Meizu.

M1 Note е паметен телефон со две SIM картички и нуди 5.5-инчен IGZO дисплеј со резолуција од 1080p, Gorilla Glass 3, 13МР f / 2.2 главна камера со dual-tone блиц, 5МР f / 2.0 предна камера и 3,140 mAh батерија. Од хардверска гледна точка имаме MediaTek MT6752 чипсет со Cortex-A53 процесор на 1.7GHz, , за графиконите се грижи Mali T760 MP2, а оперативната меморија е 2GB. Типично за Meizu, овој телефон доаѓа со  Flyme 4.1 софтверска верзија на Android 4.4.4. Разновидноста на верзии со различна внатрешна меморија не е голема. Имаме 16GB и 32GB.

meizu-m1-note

Како дизајн и визија, ако веќе не сте претпоставиле Meizu M1 Note личи исклучително многу на iPhone 5C. Со дебелина од 8.9мм и тежина од 145g, овој паметен телефон  ќе се движи од 160 до 190 долари, во зависност од тоа дали сакате 16GB или 32GB. Засега Западот не е фокус на Meizu. Отпрвин телефонот ќе се нуди во Кина, а дури кон средината на јануари може и да го видиме во продавниците на нашиот континент.

- Реклама -