Човештвото излегува од сончевиот систем

Човештвото достигна уште една значајна точка во цивилизацискиот развој – сондата Војаџер 1, лансирана во 1977 година, најпосле успева да го напушти сончевиот систем и да излезе во меѓуѕвездениот простор.

По 35 години лет низ вселената, Војаџер 1, кој се движи со 10 километри во секунда, успеа да се оддалечи од нашата планета на неверојатни 18 милијарди километри, правејќи го првото вештачко тело конструирано од човечкиот род што излегува во меѓуѕвездениот простор.

Војаџер 1 комуницира со Земјата преку радио бранови, на кои во моментов им е потребно околу 16 часа за да допатуваат. Она што било забележано во НАСА изминатава недела е дека енергетските честички околу сондата се зголемени, што значи дека таа се наоѓа во фаза на напуштање на заштитната хелиосфера.

Според проценките од американската вселенска агенција, батериите вградени во Војаџер 1 се доволни за тој да го продолжи летот непречено до 2020 година. Астрономите очекуваат да забележат драстични промени во податоците што пристигнуваат од Војаџер 1, во моментите кога ќе го продолжи патувањето во празниот меѓуѕвезден простор. [Humanity escapes the solar system: Voyager 1 signals that it has reached the edge of interstellar space – 11billion miles away]

- Реклама -