Проституцијата е најстариот занает во светот, оној човечкиот. Ама ако мислевте дека луѓето го измислиле плаќањето за секс, се лажете. Во природата има мал милион примери на животни кои плаќаат разноразни цени, се со цел да се „омрсат“.
Адели пингвините често можат да бидат видени трчајќи наоколу и собирајќи камења за да прават гнезда, со цел да привлечат партнерка. Кога среќната двојка конечно ќе заврши заедно, тие го градат своето гнездо заедно. И мажјакот и женката заминуваат да најдат или да украдат камења потребни за изградбата. Но, женката има мал ас во ракавот што ќе го искористи кога мажјакот не гледа. Ако таа налета на друг мажјак што веќе има најдено особено добар камен, таа ќе има секс со него, во замена за каменот, а потоа ќе се врати во гнездото како ништо да не се случило.
Макаки мајмуните немаат баш начин да платат за секс, но можат да понудат луксузен живот што ќе им овозможи да имаат повеќе секс со поверен партнер. Тимарењето е критично за здравјето и добросостојбата на мајмуните, па женските макаки ќе се парат многу повеќе со оние мажјаци што ќе понудат повеќе тимарење. Што е уште поважно, женките што добиле солидно тимарење, се помалку „експериментираат“ со други мажјаци, што инаку е дел од нивната природа.
Колибрите мораат често да јадат за да можат да го одржат нивниот ултра-брз метаболизам, и да не прегладнат до смрт. Тие го јадат нектарот од одредени видови на цветови, а тие цветови се обично натрупани заедно со грмушките. Мажјаците колибри ги доминираат најдобрите делови од грмушката, додека женките го добиваат она што ќе остане. Тие имаат избор – или можат дологорочно да се спарат со некој од мажјаците, или можат да платат со секс за привремен пристап до делот контролиран од мажјакот.
Мажјакот штурец има обичај да и даде подарок на женката додека се обидува да ја оплоди. Процесот на парење инволвира прикачување на „вреќичка“ со сперма на нејзиното тело. Ако женката не е најадена пред тој да заврши, таа радо ќе посегне, ќе ја грабне „вреќичката“ и ќе ја изеде. Тоа значи дека шансата на мажјакот да ги пренесе своите гени е отидена во неповрат. Па така, мажјакот мора да и подари нешто за јадење, било што што ќе биде доволно да ја претупани, се со цел да не ја изеде „вреќичката“.
Машкото шимпанзо често ќе подели месо со женка. Најпрво, научниците сметаа дека ова е начин на плаќање за секс. Кога истражувачите сфатиле дека ова однесување се случува и кога животните не се во плодните денови, тие претпоставија дека се работи за начин на одржување на бракот кај шимпанзата. Но, се покажа дека мајмуните го прават ова со повеќе партнерки. Ќе делат месо со една женка, некое време, а потоа ќе споделат со друга, пак на одреден период. Тешко е да се преведе ова однесување со човечка аналогија. Дали е тоа сериозна врска? Дали е сериски брак? Дали е платен секс или „секс со бенефит“? И најважно, што говори таквото однесување на шимпанзата за нас, луѓето?
Кога истражувачите им дадоа на капучин мајмуните токени (предмети како монети) што можат да ги разменат за храна, се случи нешто неверојатно. Капучините развија цела економија, а не само што имаа секс во замена за токени, туку и разменуваа токени за да „купат“ можност да гледаат слики од други (претпоставуваме, секси) мајмуни. Се чини дека и капучините сакаат порно, а?
Кога делфините ќе формираат двојка, понекогаш ќе им се придружи и друг мажјак, со претходна согласност од оној првиот. Машки парови од млади делфини имаат обичај да одделат некоја од женките од јатото и да ја чуваат од останатите мажјаци. И двајцата ќе имаат секс со неа, споделувајќи ги шансите да имаат потомство, но со тоа значајно ја зголемуваат шансата за успех, во споредба со ситуација во која женката би се парела со повеќе мажјаци, што би се случило ако остане во јатото.
Сивата страчка има морничава смисла за подарок. Таа ќе набоде инсекти и мали цицачи на трњата на грмушките, оставајќи ги така да умрат. Потоа глетката ќе ја презентира пред нејзината потенцијална партнерка. Но, што се случува ако таа прифати парење, а во сликата влета позгоден мажјак? Па, во тој случај, подарокот е како гаранција за парење и ја одредува минималната цена. Единствен начин за женката страчка да заврши со новиот мажјак е ако тој понуди поимпресивни „гробишта“.
Семената буба живее во пустината. Има времиња кога пустината зрачи со живот, но има и такви години кога е суша дури и според пустинските стандарди. Кога е доволно суво, женките буби едноставно очајни – тие се спремни на секс со мажјаците, чисто заради хидратација. Ова не е лесен избор за мажјакот. Бидејќи при сексот губат вода, мажјаците често умираат, се со надеж за мала шанса да ги пренесат своите гени. Уште поочајно.
Најпознатиот пример за плаќање за секс е оној на богомолките. Мажјакот го плаќа со „жива глава“. За време на односот, женката често ја одгризува и ја јаде неговата глава. Но не е така страшно како што звучи. Мажјакот е контролиран од нервите во абдоменот, а не во главата. Па така, цената не е онаа најстрашната. Сепак, иако мажјакот може да го преживее обезглавувањето, веројатно ќе умре наскоро, со оглед на тоа дека ќе нема очи и уста за да може да лови и да се храни.