Веројатно вашите родители кога сте биле мали, постојано ви говореле да престанете да ги крцкате прстите.
Најчесто со објаснување дека ќе добиете артритис или наскоро ќе почнат да ви се тресат рацете.
Да ја дознаеме вистинската причина.
Зглобот е спој на две коски ( или повеќе) измеѓу кои се наоѓа дел што ги штити коските. Нив ги поврзуваат ткиво и лигаменти, а во средината се наоѓа зглобна капсула исполнета со синовијална течност. Таа во себе содржи растворени гасови, а причината поради која што сето ова постои меѓу коските е за да се спречи триењето на ‘рскавицата.
Во синовијалната течност се создаваат меурчиња кои пукаат со крцкањето на прстите.
Кога ги крцкате прстите, вие ја ширите зглобната капсула и така доаѓа до создавање на меурчиња во синовијалната течност (т.н процес на кавитација). Звукот на крцкањето доаѓа токму од пукањето на тие меурчиња.
Иако не постојат научни докази дека крцкањето на прстите е лошо по здравјето, можеби сепак треба да ги оставите вашите зглобови на мира.