Викенд куќарка во област одалечена од секојдневните метежи е желба на секој човек кој одвреме-навреме посакува да одмори од инстант темпото на живеење. Но, приколката на Рејчел Рос која се наоѓа во една кедрова шума во Канада, ќе направи да посакате засекогаш да го минете животот во овие 15 метри квардратни. Направена е само од рециклирани материјали, вклучувајќи и пикник столчиња од 70-те употребени за изработка на округлестите прозорци. Најдобро од се е што овој дом чини само 8000 долари.