Тимот на Емпорио Армани Милано го совлада составот на Монтепаски Сиена со 88:83 на домашен терен и ја оствари првата победа (1:3) во финалната серија од италијанскиот плејоф.
Македонскиот репрезентативец Лестер „Бо“ Мекејлеб повторно беше најефикасен во својот тим, со 18 постигнати поени, три скока и две асистенции за 34 минути на паркетот. Тој беше стопроцентно прецизен во ударите за три (1/1) и за еден поен (1/1), а имаше 60% реализација на ударите за два поени (6/10).
Монтепаски во првата четвртина стартуваше фуриозно и ја доби со 12:24, но потоа почна да се топи разликата, која на полувремето изнесуваше само четири поени (33:37). Во третиот период Емпорио Армани Милано дојде во водство од 60:54, што го задржа и до крајот на мечот, славејќи со 88:83.
Меккејлеб со 18 поени беше најефикасен кај Монтепаски, пред Кшиштоф Лавриновиќ со 17 поени и Шон Стоунрук кој постигна 11 кошеви. Во победничкито табор најефикасен беше Јоанис Бурусис со 19 поени, а Стефано Мансинели беше стрелец на 17 поени. Наредниот меч се игра во Сиена, а тимот на Монтепаски води со 3:1 во финалната серија од италијанскиот плејоф која се игра до 4 добиени натпревари.
Објавено во соработка со Екипа.