Алкохолот, цигарите и мрсната храна се неизоставен дел од најлудата и најдолгата ноќ во годината. Ако малку претеравте за дочекот на Новата Година, наредниот ден веројатно го дочекавте со непријатен мамурлак. Симптомите ви се многу најверојатно добро познати – мачнина, главоболка, проблеми со желудникот и малаксаност.
Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат. Среќен 1-ви јануари!
– Треба да испиете што повеќе течности. Се препорачува да се стави лажичка морска сол во чаша вода која ќе ги задржи течностите во телото и ќе ја спречи дехидрацијата.
– Ако немате сила за тоа… земете чаша расол. Кафето „прескокнете го”, а ако баш сакате напијте се зелен чај.
– За доручек најдобро е да изедете парче препечен леб, а потоа да испиете Б1, Б6 и Ц витамини.
– Витамините можете да ги испиете во комбинација со овошје и тоа најдобро некое кисело како киви, лимон, портокал или уште поедноставно чаша овошен сок.
Доколку сакате нешто поконкретно за доручек предлагаме едно јајце, варено или пржено, сланина, малку сирење и зелена салата. Одлично ќе ве освежи и туршијата, особено киселите краставички.
И на крај, по се ова вратете се во кревет затоа што сонот е сепак најдобриот лек против мамурлукот.