Подготовка на грав што не предизвикува подуеност и гасови

Ако не јадете грав поради подуеноста што најчесто истиот ја предизвикува, добрите вести се што има начин да се избегне оваа непријатност.

Гравот е, како што тврдат нутриционистите, суперхрана бидејќи содржи разни хранливи супстанци што му помагаат на телото да остане здраво и отпорно на болести, па е особено омилен во текот на зимата. Секое зрно содржи единствена комбинација на влакна, витамини и минерали.

Сепак, многумина ја избегнуваат оваа корисна намирница. Сепак, доколку ја подготвите на вистинскиот начин не е тешко да се избегне непријатноста предизвикана од гасовите.

Важно е да купите што поквалитетен грав, па така бирајте зрна кои немаат знаци на влага и не се оштетени.

Готвење

Потребно е гравот пред готвење да го оставите во врела вода околу 4 часа. Потоа таа вода треба да ја фрлите, а гравот уште еднаш да го измиете па да го готвите во чиста вода. Топењето на гравот неколку пати во чиста вода, ја намалува количината на супстанците што го предизвикуваат дуењето.

Зачини

Во јадењето би требало да додадете зачини што ја намалуваат подуеноста како што се ким, оригано, мајчина душица.

За да купите квалитетен грав, потребно е да проверите дали на семките има знаци на влага како мувла и некои други оштетувања, како и на тоа зрната да бидат целосни.

 

- Реклама -