„Како и многу луѓе, јас секогаш си замислувам чудни работи додека шетам на улица, додека работам или сум дома. Но, јас никогаш не успеав да пронајдам начин да раскажам што ми минува низ главата.
Еден ден, сакајќи да направам шега со моите пријатели, ја заменив статуата на Наполеон во Чербург со слика од моето мало пони во мојот телефон и направив фотографија. Наидов на многу позитивни коментари откако ја објавив на „Фејсбук“. Потоа направив уште една фотографија во тој стил, која исто многу им се допадна на пријателите, па уште една… Конечно најдов начин да ги покажам сите глупави нешта на кои мислам повремено, како и моите идеи.
Ова не е моја работа. Јас сум професор по историја, но ќе продолжам да правам фотографии како хоби. Убаво е кога ќе пронајдеш нешто што може да ја ослободи креативната енергија“, вели корисникот на BoredPanda, кој што ги сподели своите најнови комбинации на сцени од филмови со секојдневниот живот. Интересно.