Освен што во домот внесува топлина, а просторијата ја прави посветла, жолтата боја поттикнува позитивна енергија и добри емоции.
Топлата атмосфера во домот е најдобар еликсир на доброто расположение, а доколку сакате да ја задржите насмевката на лицето и кога небото ќе ги прикрие сивите облаци, одбојте ги ѕидовите во жолта боја. Освен што придонесува кон расположение и ја осветлува просторијата, оваа боја поттикнува добри емоции. Оваа есен дизајнерите на ентериер предложија комбинација на жолта со сива и темно сина, што воедно ќе биде главен тренд во уредувањето во 2015 година.
Сивиот двосед или тросед одлично ќе се вклопат со жолтите или бели фотелји, а деталите како ѕиден часовник, рамки за слики, перници или вазни, ќе им се допаднат на оние кои сакаат да се опуштат во нијансите на темно сината. Доколку сакате вашата кујна да изгледа како од најнов каталог, столиците и висечките делови обоите ги во боја на путер, во контраст со темно сива.
И спалната соба ќе стане идеално место, ако еден ѕид обоите во жолта боја. Залепете постер од некој убав град во кој сакате да патувате и додадет шарен килим.
Со овие бои или со розови и црвени детали, ќе заборавите на сивилото на денот, веднаш штом ќе го поминете куќниот праг.