Три лезбејки, кои ја променија женската судбина

Тие се осмелиле да посакаат рамноправност, да се борат за неа и да живеат како еднакви на мажите, уште векови пред да се појави зборот феминизам.

Добро образовани и храбри, родени различни и прифатиле да бидат такви, изборот воопшто не им бил само сексуален, тие отворено се спротивставиле на сите социјални ограничувања кои го наметнале нивното место во општеството до последната подробност – од тоа што ќе облечат за кого ќе се омажат и каде ќе живеат, до тоа што ќе учат и што ќе работат.

Ако низ вековите општеството постепено сфаќало дека жените исто така може да бидат силни, талентирани и самостојни, заслуга имаат и тие – трите големи лезбејки, кои ги промениле женските судбини.

Хортенз Манчини (1646 – 1699)

Хортенз била омилена внука на кардиналот Мазарини. Благодарение на неговата заштита, таа и нејзините сестри добиле исклучиво образование за времето во кое што живееле. Кардиналот се погрижил да ги задоми соодветно. Едната сестра – Олимпија – се омажила за Маурицио Савој и била мајка на Евгениј Савој. Другата – Мари -била големата љубов на Луј XIV. Хортенз била мажена за Арманд-Чарлс де ла Порт, кој бил најбогатиот човек во Европа во тоа време, но бил ментално неврамнотежен и наскоро по свадбата таа избегала од него. Хортенз го наследила целото богатство на вујко си Мазарини и станала најбогата жена во Франција. Тоа и дозволило да води независен живот, патувајќи наизменично во Италија, Англија и Шпанија. Таа се облекувала како маж, можела да се служи со оружје, не ги криела врските со други жени и го опишала животот во детални мемоари – првите женски мемоари во историјата на литературата. Ја открила суровоста на нејзиниот сопруг и го оправдала крајот на бракот со него. Независно од добриот социјален статус и привилегии во сите кралски дворови во Европа, Хортенз била вознемирена и живеела драматично до самиот крај – како една машка девојка во еден машки свет.

Кристина Шведска (1626 – 1689)

Кристина била третото и единствено живо дете на кралот Густав Втори Адолф. Пред раѓањето астролозите пресметале дека таа ќе биде момче со необична судбина. Нејзиниот татко наредил да добие права на престолонаследник и обука како момче. Со неа се занимавале теолози и наставници,а лекциите траеле по десет часа на ден. Кристина знаела грчки и латински, освен тоа зборувала слободно германски, холандски, дански, француски и италијански, а резултатите по теологија и религија исто така биле блескави. Таа по сопствена желба изучувала  филозофија и ислам и сите велеле дека е паметна како момче. Се качила на престолот на шест годишна возраст и ја нарекувале „девојката-крал”. Младата кралица се интересирала од науката и била блиска со Декарт кој гостувал во палатата, но исто така ги сакала театарот и балетот и имала свој дворски театар, каде што се јавува и како актерка. Кристина не личи на ниту една друга жена од своето време. Во биографија таа опишува колку и биле чудни разговорите на жените. Таа спиела по три часа, се занимавала со наука, косата и била во неред и секогаш носела машки обувки. Нејзината најголема љубов била Бела Спарта, била дворска дама и Кристина и пишувала прекрасни писма до крајот на животот. Во 1649 година Кристина ја објавила јавно одлуката дека никогаш нема да се омажи и му го препуштила тронот на братучедот Чарлс, по што се преселила во Рим. Таа го прифатила католицизмот и живеела во палата со сите кралски почести. Се облекувала како маж, а преференциите кон убавите жени биле општо познати, а бидејќи во тоа време хомосексуалноста бил казнива со закон, таа се залагала успешно за некои од обвинетите во овие случаи. Погребана е во катедралата Св. Петар во Ватикан заедно со папите и е едвај третата жена на која што и е укажана оваа чест.

Роса Бонеур

Оваа необична жена и до денес останува најпознатата француска сликарка на 19-тиот век. Таа била независна жена со професија – нешто незамисливо во тоа време. Првиот и единствен учител во нејзиниот живот бил нејзиниот татко, исто така уметник кој верувал во рамноправноста на жените и ја промовирал во сите нејзини потфати. Тој и ‘давал часови по цртање, бидејќи академиите тогаш не земале жени. Роза цртала главно слики со животни, во кои биле непобедливи. Некои од нив во моментов се наоѓаат во музејот Орсе и Метрополитен во Њујорк. Уште додека била жива нејзините слики биле порачувани и ги купувале кралеви, аристократи и американски милионери, па успехот и бил навистина светски и таа станала првата жена носител на Орденот на Легијата на честа.

Во историјата Роза останала и со ексцентричниот начин на живот, често препознавана како првата феминистка. Таа живеела 40 години со нејзината девојка од детството Натали, се облекувала како маж, со кратка коса и пушела цигари. Во биографија таа го објаснува изборот чисто практичен – машките облеки биле многу удобни за работа и со потсмев зборува за своите ограничени современици кои судат за една жена по облеката. Таа го носела орденот често и во секакви прилики за да се потенцира дека жените исто така може да извојуваат признание и успех.

 

- Реклама -