Шветската компанија SCA, која се занимава со произвотство на тоалетна хартија и други хартиени производи, во своето ново истражување „Хигиената е важна“ спроведено на 13.500 луѓе од 13 земји, дојде до многу интересни откритија.
Во истражувањето кое било спроведено во Бразил, Кина, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Мексико, Холандија, Русија, Јужна Африка, Велика Британија и САД учествуваа 500 жени и 500 мажи.
Според резултатите, 81 процент од испитаниците го користат тоалетот на работното место за одење во нужда, а 28 проценти за менување на влошка. Тоалетот за пресоблекување на облеката го користат 22 проценти, а се шминкаат 15 проценти од испитаниците.
А сега доаѓа најинтересното…
24 проценти од испитаниците, речиси една четвртина, одат во тоалетот за да телефонираат. 15 проценти од нив одат за некое време да поминат сами. 11 проценти од нив на тоа место се ослободуваат од фрустрациите, а 7 проценти плачат.
Некои канцеларии го користат тоалетот за малку да отспијат- 3 проценти од испитаниците ја навеле таа причина, а исто толку од нив вежбаат во тоалетот.
И, конечно, 5 проценти од луѓето ја избрале таа локација како најдобро место за ручек. Се претпоставува дека сакаат да јадат додека никој не ги гледа…