Денеска ќе ве запознаеме со нов малициозен софтвер со името “Regin”.
Ова е нова и исклучително комплексна компјутерска програма која може да се шири во илјади опасни пакети против ранливи процеси и услуги.
При успешно имплементирање Regin овозможува собирање на одреден тип на податоци и има можност да се самообновува според најновата верзија на злонамерниот код. Она што е изненадувачки е огромното количество од погодени системи.
Според последните податоци, Regin се поврзува со владите на САД и Велика Британија, особено со нивните служби за безбедност и разузнавање. Малициозниот код продира во базни станици на мобилните оператори на засегнатите земји, каде може лесно да се шири. Листата со земјите кои имаат голем процент инфекции, зборува за одреден интерес за нив. Тој ги вклучува Авганистан, Иран, Пакистан, Саудиска Арабија и Руската Федерација. Се смета дека владите на САД и Велика Британија имаат интерес кон токму овие земји и затоа Regin е можно да е нивен плод.
Самиот факт дека тоа е многу сложен малвер зборува дека некој има потреба од собирање на големо количество оперативни информации. Се уште креаторите на Regin се непознати и на интернет има многу шпекулации на оваа тема. Експертите за безбедност продолжуваат да ја анализираат новата закана.