Ќе ве освојат аромата на кафе и крцкавата текстура на оваа едноставна торта.
Состојки:
250 г. маргарин
6 јајца
250 г. шеќер
200 г. црно чоколадо за готвење
големо пакување бисквити, 500 г.
250 г. шеќер во прав
1/2 л. силно црно кафе.
Подготовка:
1. Одвоите ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги заедно со половина количина шеќер, да биде пенасто и гответе ги на пареа, додека не се згуснат. Кога ќе се олади, додадете изматен маргарин заедно со другата половина од шеќерот. Измешајте ги маргаринот и жолчките и во тоа додадете истопено чоколадо.
2. Белките изматете ги и постепено додавајте ги во кремот со жолчките, мешајќи со дрвена лажица.
3. Згответе го кафето, и во него потопете ги бисквитите. Редете еден ред бисквити, еден ред фил.
Тортата декорирајте ја по желба.