Високо интерактивната паметна табла – SMART Board

Вчера за прв пат пред бројна публика,  беа јавно презентрирани функционалностите и софтверот на SamrtBoard.
Настанот кој се одржа во Конгресниот центар на Скопски саем го отвори Антони Пешев, претседател на Бордот на директори на групацијата Ултра-Унет која е и ексклузивен дистрибутер и застапник за SMART Board во Македонија.

Во својата презентација за производот, Пешев го истакна фактот дека голем број на образовни институции во светот веќе подолг период активно ги употребуваат во секојдневното работење Smart Board и со тоа придонесуваат кон побрзо и поефикасно учење.

Паметните табли истовремено претставуваат проектор и платно, екран, табла и компјутер, поврзани преку софтвер коj овозможува креирање, учење и управување. Покрај активната употреба во образованието, паметните табли Smart Boards наоѓаат широка примена и кај бизнис заедницата, каде нивната улога во интерактивното презентирање е огромна.

На вчерашното претставување учесниците на настанот имаа можност во пракса да погледнат и успешна примена од ученици и професори од од училишта од Македонија кои во своето училиште изучуваат настава со помош на интерактивната паметна табла.

Паметните табли се канадски производ, кои поради мултифункционалноста што ја нудат за кратко време поставија нови стандарди во образованието, различните видови на едукација, учењето и презентирањето во целина. Поради своите карактеристики, паметните табли Smart Boards покрај широката примена во образованието, од голема корист се и за бизнис заедницата, а се употребуваат дури и во домаќинствата, како можност за домашно кино.

 

- Реклама -