Познатиот американски криминолог д-р Винсент де Мајо, експерт за прострелни рани, тврди дека Ван Гог не се самоубил крај Париз, туку бил убиен, пишува „Дејли мејл”.
Според собраните податоци, големиот уметник не можел сам да се застрела во градниот кош, поради „непријатната” достапност на влезната рана.
Своевремено, Пол Гаше, помладиот син на докторот на Ван Гог, сведочеше дека фаталната рана имала кафеав и виолетов ореол околу неа. Тогаш се сметаше дека виолетовата кружница била предизвикана од близината на снимки, а кафеавата – од барутниот прав.
Ди Мајо сепак ја оспорува оваа теза. Според него кафеавата кружница се добива при сите прострелни рани и тоа во никој случај не е индикација за самоубиство. Американецот ја истакнува и неможноста Ван Гог да се застрела во левиот дел на градниот кош со револверот кој се тврди дека го користел.
„Скоро невозможно е да се самоубие со него со левата рака на левата страна на градниот кош, истакнува ди Мајо. За да го стори тоа, би требало да се повлече чкрапалото со палецот во кое нема логика!”
Ако се самоубил, Ван Гог требало да има траги од барут во раката поради мала оддалеченост. Но, ниту едно сведоштво од таа ера не зборува за слични траги. Откако бил застрелан, Ван Гог останал жив уште 29 измачувачки часа.
Тоа се случило само неколку дена откако порачал нови бои, што значи дека едвај имал намера да се самоубива. Своевремено во селцето каде Ван Гог живеел и умрел, постоеле гласини дека уметникот бил убиен од небрежност од момчиња кои си играле таму. Ван Гог сакал да ги заштити, со тоа што рекол дека се обидел сам си го одзеде живот.