„Ербас“ поседува патент што повеќе личи на летало од серијата „Ѕвездени патеки“, отколку на регуларен патнички авион.
Седиштата за патниците ќе бидат сместени кружно, поради што уште сега, авионот го доби прекарот „авион – ѓеврек“. Геометрискиот облик на авионот е проектиран на начин патниците кои седат во предниот и задниот дел на авионот да бидат сосема лишени од стрес. Овој специфичен начин на седење и форма влијае кон тоа бројот на места за патниците, да биде поголем.
Сепак, порпаролот на Ербас вели дека овој модел се уште не е пуштен во производство.
„ Во нашата фирма има вработено многу паметни луѓе кои што имаат феноменални идеи. Кој знае, можеби некоја од тие идеи ќе здогледаат светлинан во блиска иднина“.
Дел од тие идеи на Ербас се и седиштата за „стоење“, налик на оние на велосипедот, како и виртуелни кациги за забава на патниците.
Меѓутоа, се чини дека барем за сега, „ѓеврекот – авион“ е преголем залак.