Измама на векот: Најпознатата фотографија на светот е фалсификат?

Еден словачки работник тврди дека фотографијата е наводно  „наместена” и дека под челичната конструкција има дрвен под.

Фотографијата именувана како „Ручек на врвот на облакодер”  е направена во 1932-рата година и прикажува 11 работници на челична конструкција во Рокфелеровиот центар во Њујорк во текот на изградбата. Таа отсликува работници кои безгрижнo го јадат својот ручек на височина од 256 метри.

Оваа легендарна фотографија била главен мотив и за документарецот „Men at Lunch”, со кој се обиделе да им оддадат почит на доселениците во САД.

Меѓутоа, овој филм се посветил и кон анализа на самата позадина на најпрочуената фотографија од 20-тиот век.

Иако фотографијата повеќе 80 години ги претставува хероите кои буквално го изградија Менхетн, браќата Шон и Емон О Куалајн од западна Ирска во 2009-тата година сфатиле дека всушност за прочуената фотографија се знае многу малку, па токму затоа се одлучиле да направат документарен филм кој би и’ го посветиле токму на неа.

Rokfeler-Centar-Njujork-Amerika-Njujork

Многу луѓе всушност се’ уште погрешно мислат дека се работи за изградбата на Емпаер Стејт Билдинг, а челичната конструкција всушност му припаѓа на Рокфелер центарот. Се верува дека се работи за “наместена” слика која Рокфелеровиот центар ја направил како дел од промоцијата за своите нови згради.

Браќата Шон и Емон се трудат да ги идентификуваат сите 11 работника кои се наоѓаат на оваа фотографија. За сега успеале да ги пронајдат имињата на само половина од мажите.

Она што е интересно е дека и првиот од десно е наводно словачкиот работник Густо Поповиќ кој оваа фотографија и’ ја испратил и на својата жена. Тој тврди дека оваа слика е “наместена” и дека под самата челична конструкција всушност има дрвен под.

Покрај оваа, постои и фотографија на која работниците на челичната конструкција мавтаат со своите капи.

– Во длабочината на нашите души сепак се надеваме дека нема да успееме да ги откриеме сите идентитети, бидејќи всушност целата оваа мистерија е она што ја чини оваа фотографија апсолутно интересна, изјавил Шон.

Погледнете:

- Реклама -